На 63-годишна возраст почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови. Тој судеше значајни предмети кои се познати во јавноста како „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“. Судијата Ставрев изрече низа пресуди и за предмети од СЈО, како што се „Титаник 2“, „ТНТ“, „Монструм“.
Огнен Ставрев е син на Драгољуб Ставрев, претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), претседател на Извршниот совет на СРМ, градоначалник на Скопје кога градот се обновуваше по земјотресот.
Судијата Огнен Ставрев изминативе години судеше во Одделението за организиран криминал и корупција. Поради здравствените проблеми кои ги имаше, последните месеци беше судија за извршување санкции.