Денеска, по долго боледување, нè напушти новинарката Валентина Марјановиќ.
Таа беше дел од весникот „Вечер“ од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.
Валентина беше почитувана како голем професионалец и уште поголем пријател.
Сочувство до семејството и најблиските.