По кратко и тешко боледување, на 77-годишна возраст, денеска почина доктор Иван Рамбабов, специјалист ортопед, основач на Ортопедскиот оддел во Клиничката болница во Штип, каде го води тимот кој првпат почнува со имплантации на вештачки колк.
Рамбабов бил пратеник во првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија, како и долгогодишен директор на Медицински центар – Штип.
Како што информираат за МИА негови блиски, погребот ќе се изврши утре на градските гробишта во Штип, во 13 часот.