Деновиве во издание на македонското литературно друштво „Григор Прличев” од Сиднеј, Австралија, повторно излезе од печат обновениот, број на списанието „Повод”.
По подолга пауза, членовите на друштвото одлучија списанието „Повод“ повторно да се издава. Ова списание има за цел да ги промовира македонскиот јазик, култура, историја и македонската заедница во Австралија.
Во зависност од можностите се планира списанието да се издава 3-4 пати годишно, со идеја да прерасне во месечно или двомесечно списание.
Списанието ќе се издава во електронска и печатна форма.
Заинтересираните кои сакаат да објавуваат нивни дела (на македонски или англиски јазик) и написи за организациите, истите можат да ги испраќаат на [email protected]. М.М.