ФОТО: ЦУК

Во периодот од 11 февруари до 1 септември годинава на телефонскиот број 112 примени се вкупно 287.842 повици или во просек 1.425 повици дневно, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во месец февруари, како што велат од ЦУК, се примаа повици само од територијата на Скопје, и примени се 11.321 повици, а просекот беше околу 629 повици дневно.

– Од 1.3.2022 година се започна со прием на повици на 112 од цела територија на државава. Во март примени се 55.767 повици и просекот за март е 1.799 повици дневно. Во април примени се 42.100 повици или во просек 1.403 повици дневно. Во мај примени се 44.839 повици или во просек 1.446 повици дневно. Во јуни примени се 41 759 повици или во просек 1.392 повици дневно. Во  јули примени се 44.467 повици или во просек 1.434 повици дневно. Во август примени се 47 553 повици или во просек 1 534 повици дневно – информираат од ЦУК.