Фото:З.А

Група од петмина доброволци од кои тројца од Велес и по еден од Скопје и Куманово, по повод 82 годишнината од смртта на Коста Солев Рацин ќе го реализира маратонот долг 150 километри на релација од родниот град на Рацин, Велес, до местото на неговата погибија на планината Лопушник. Ултра маратонот ќе стартува во вторник, рано наутро, а ќе заврши во петок 13 јуни, денот на погибијата на Рацин во 1943 година на планината Лопушник. Петчелната група маратонци подолг период се подготвува за овој подвиг и очекува без поголеми проблеми да ги совладаат планираните километри.

-По петти пат го организираме ултра- маратонот, кој стартува од родниот град на Коста Солев Рацин,Велес, до местото на неговата погибија, месноста Јама, на планината Лопушник. Петчлената група ќе ја сочинуваат Трајче Михов, Зоран Димоски и јас, маратонци од Велес, Томе Спасевски од Скопје и Љубиша Андрејиќ од Куманново. Дневно планираме да поминеме по педесетина километри а првиот ден ќе ја реализираме маршутата од Велес до Богомила каде и ќе ноќеваме. Вториот ден ( среда), ќе ја реализираме делницата на патот од Богомила до Македонски Брод преку селата Црнилиште , Дебреште, преминот Барбарас до Македонски Брод, каде и ќе ноќеваме. Во четврток 12 јуни тргнуваме од Македонски Брод преку Кичево до село Извор . Четвртиот и последен ден ќе ја реализираме маршутата од село Извор до планината Лопушник и месноста Јама, каде ќе положиме букети свежо цвеќе пред споменикот на Рацин и пред спомен обележјето каде пред 82 години загина големиот поет-истакна Верољуб Додевски. З.А