Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателката на Унгарија, Каталин Новак. На средбата, како што информираат од неговиот кабинет, било истакнато дека Македонија и Унгарија одржуваат одлични билатерални релации со развиена соработка во повеќе области од заеднички интерес.
Претседателот Пендаровски потенцирал дека ја цениме унгарската поддршка за македонските евроинтеграции и изразил очекување дека истата ќе добие дополнителен интензитет низ пристапниот процес на Македонија во Европската Унија.
На средбата се разговарало и за променетата геополитичка состојба во Европа, во контекст на руската инвазија врз Украина и претседателите споделија мислења и ставови.
Претседателот Пендаровски престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на 5. издание на Парискиот мировен форум.