Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија.
Како што најавуваат од кабинетот на претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.