Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот Фејсбук-профил го осуди палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола.
-Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија – пишува Пендаровски на Фејсбук.
Тој ги повика надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите.