Резиденцијата на претседателот на Република Македонија на Водно / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Седум амбасадори се отповикани од функцијата со укази на претседателката Гордана Силјановска – Давкова, кои се објавени вчера во Службен весник.

Од објавените укази, станува збор за повлекување на амбасадорите на Македонија во НАТО, Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари.

 

Отповикувани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која е шефица на Постојната мисија на Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.

Согласно указите, мандатот на Талески во Постојаната делегација на Република Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава.

Указите стапуваат во сила со нивното објавување во Службен весник, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија.