На детското одделение во Струга речиси двојно е зголемен бројот на пациенти, особено изминатите два месеци по затворањето на одделението во Охрид.
Дневно како што велат педијатрите има и по 120 прегледи, а најкритично е за време на викендите , празниците и ноќната смена каде покрај од охридско струшкиот регион на лекување доаѓаат и деца од Ресен и Дебар.
Шест педијатри работат во две смени во детско и неонатологија во Струга каде има вкупно 18 кревети.
Огромен број деца се лекуваат од настинки, сезонски грип но и од корона, најмалото кое било болно од корона било едномесечно бебе.
Она што ги загрижува докторите е тоа што двајца педијатри од струшката болница за неколку години заминуваат во пензија така што и детското одделение во Струга може да се соочи со истиот проблем како и во Охрид со недостаток на кадар кој ќе ги лекува најмалите.