Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во Извештајот за мониторинг на реформата на јавната администрација 2021/2022“, изработен од Институтот за европска политика (ЕПИ), се забележува стагнација или дури и назадување во овие процеси, во однос на состојбите од првиот извештај за 2017 година. Инаку ова е трет извештај на ЕПИ од мониторинг на реформата на јавната администрација, во Македонија, а е фокусиран на пет области: Стратешка рамка за реформа на јавната администрација, Развој на политики и координација, Јавна служба и управување со човечки ресурси, Отчетност и Давање услуги.

Во областа Развој на политики и координација има значително назадување од последниот циклус на мониторинг во однос на редовното објавување информации за активностите на Владата. Имено, Владата ги нема објавено годишните извештаи за работа за 2020 и 2021 година. Исто така, има најмалку 4 национални стратегии и три тековни планови објавени од Владата, за кои нема објавен извештај за реализација во последната извештајна година. Ситуацијата останува иста како и во минатиот циклус во врска со владиното објавување на документи поврзани со нејзините седници. Владата сè уште објавува дневни редови, соопштенија и записници од седниците, а не ги објавува документите што се усвојуваат на седниците. Владата продолжи да ги соопштува своите одлуки на разбирлив начин за граѓаните.

Во извештајот е повторно забележано користењето на агенциите за привремени вработувања е отстапување од ЗВЈС, со оглед на тоа што вработените не се обврзани да исполнуваат критериуми и можат да влезат во јавната служба без јавен оглас, што е прекршување на принципот на заслуги. Законот за трансформација во редовен работен однос му дозволува на функционерот да ангажира повеќе луѓе привремено, вклучително и на подолг период, доколку има осогласност од Министерството за финансии. Високите раководни позиции во државната служба сè уште зависат од дискреционото право на функционерот, односно се работи за политички назначувања и разрешувања, бидејќи Законот за висока раководна служба (ЗВРС), кој што треба да го воведе принципот заснован на заслуги и отворен конкурс при назначување на високи раководни позиции сè уште не е донесен. Законот за спречување судир на интереси и Државната комисија за спречување на корупцијата претствауваат солидбна законодавна и институционална рамка, но не постојат одредби/политики за интегритет во рамките на јавната служба. Управувањето со интегритетот на административните службеници би требало да биде одговорност на МИОА, но нема назначени лица задолжени за ова прашање. Најдобри резултати и напредок се забележани во однос на комуникацијата и соработката на Државниот завод за ревизија со јавноста во врска со неговата работа. Во овој мониторинг -извештај се забележува евидентно назадување во однос на достапноста на информации за спроведените јавни набавки и јавната достапност на информации за јавните внатрешни финансиски контроли (ЈВФК) и парламентарната контрола.

Годишните планови за јавни набавки се достапни на Националниот е-портал за јавни набавки за сите министерства и државни институции, а најголемиот дел од плановите за јавни набавки се објавени на веб-страниците на министерствата. Сепак, загрижувачки е што не беа пронајдени извештаи за спроведените јавни набавки за ниту еден од договорните органи на централно ниво што беа предемет на аанализа, во последните две календарски години.

Состојбата останува иста во однос на објавувањето на повратните информации од граѓаните за кавалитетот и задоволството од испораката на услуги од административните служби, имено повратни информации има само за две услуги од МВР. Има одредено подобрување во однос на форматите на отворени податоци, бидејќи во текот на овој циклус на мониторинг, за две од пет анализирани услуги беа објавени информации во формат на отворени податоци. Ј.П.