Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема во возилата.
Мерката е согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, велат од МВР.
– Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови – апелираат од МВР.