Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на 39. Балканска математичка олимпијада (БМО) која се одржа во Аргос, Кипар.
На оваа олимпијада е постигнат златен медал за прв пат во историјата на Македонија.
-Покрај златниот медал, имаме и два сребрени медали, освоени од Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал освоен од Алексиј Тасиќ и две пофалници, освоени од Јасна Илиева и Блаже Суклевски. Вреди да се напомене дека екипата оваа година го постигна најголемиот екипен успех со освоени 118 поени – информираа од Сојузот на математичари на Македонија.
Ова е видео од пречекот на македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада на Природно-математички факултет во Скопје.