ЕУ и земјите членки ги поддржуваат реформите во судството, оти независноста на судството е едно од најважните прашања за пристапувањето во Унијата, изјави амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер.
– Знаете тоа е прашање од областа на внатрешната политика, не е наше да коментираме. И сепак ќе кажам дека темата за независноста на судството не е никаква тајна, тоа се клучни капитални прашања коишто се најважни за влез во ЕУ, прашања кои што се важни на Унијата и тоа го повторува постојано. И мислам дека сите сме согласни во рамки на ЕУ, но и ние денеска на оваа маса, сме вклучени во поддршката за реформата на судството – рече абасадорот Ле Риголер на новинарско прашање како ги оценува актуелните случувања во правосудството во однос на предлогот за разрешување на државниот обвинител и за интерпелација на членовите на Судскиот совет на прес-конференцијата по повод презентација на програмата за годинашното одбележување на Франкофонијата.
За програмата на годинашното одбележување на Франкофонијата денеска покрај амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер, говореа и амбасадорките на Швајцарија Вероник Хулман, на Романија Моника Аксинте и на Грција Софија Филипиду.