Фото: МИА

Револтирани поради ограничувањата за тоа кој ќе добива студентски оброк, побараа владините измени во законот за субвенциониран оброк да се укинат.

– Кризите во кои се наоѓа Македонија, молкот од страна на студентите и пасивноста на студентските организации – се мотивација на властите да удираат по грбот на студентите сѐ посилно. ДОСТА Е!

Барањата на студентите произлегуваат од деценискиот игнорантски однос на институциите и намерата за ништење на студентот во Македонија.

Ние, студентите, бараме надлежните да не нѐ игнорираат и со нивните политики да не си поигруваат со нашата судбина – велат од Студентски отпор.

 

Велат, во период во којшто треба да се донесе буџетот за 2023 година, нивните првични барања од кои не отстапуваат се:

– Издвојување на средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно, како и тргање на сите предложени нови критериуми за исполнување на правото на субвенциониранот студентски оброк;

– Издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите;

– Издвојување средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање на „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови;

– Издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја;