Фото: Нова Македонија

Намалена видливост од 30 до 50 метри е регистрирана на патниот правец Лисец – Попова Шапка, како и во Крушево и на планинскиот превој Плетвар, информира ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Од претпријатието додаваат дека сите патни правци низ државата се проодни.

На одредени делници, особено оние што минуваат низ усеци и клисури, можна е појава на поситни одрони, поради што се препорачува зголемено внимание при возење, пренесува МИА.

ЈП „Македонија пат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.