Фото: Маја Јаневска-Илиева

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), само водостојот на Охридското Езеро е повисок од просекот за август и тоа за еден сантиметар. Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за 1,92 метра пониско од просечното, а на Дојранското за 1,3 метри.

Најголемо намалување на водостојот кај реките во споредба со вчера имаат Струмица на мерното место кај Ново Село, каде нивото е намалено за 21 сантиметар, и Вардар кај Јегуновце со намалување од 20 сантиметри. Водостојот во споредба со вчера најмногу, пак, е зголемен кај Црна Река на мерното место кај Р.Б. Мост и тоа за пет сантиметри и кај Вардар во Скопје, каде зголемувањето е четири сантиметри.