За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
И покрај тоа, само водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека нивоата на Дојранското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за август и тоа за 1,24 метри кај Дојранското и за 1,83 метри кај Преспанското Езеро.
За разлика од езерата, водостоите на реките најчесто се во рамките на просекот за август и бележат благо зголемување или намалување на нивото во споредба со вчера. Најголемо зголемување од 16 сантиметри во споредба со вчера има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, а најголемо намалување од четири сантиметри повторно има Вардар на мерното место кај Демир Капија.