На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата информират од АМСМ. Синоќа, полицијата и Јавното обвинителство спроведува заедничка акција на овој граничниот премин.
– МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП „Табановце“ – информираа од МВР, најавувајќи детали за акцијата за денес.
На Граничниот премин „Табановце“ според граѓани кои се враќаа во државата, имаше метеж. Од аматерските видеоснимки и фотографии можеше да се забележат долги колони автомобили и нервозни граѓани.