Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од јануари до септември годинава, на патарините низ државата наплатени се 58 милиони евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесувал 401.971.971 денар, а во летните месеци, кога е највисока фреквенција на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни.

Според ЈПДП, најпрофитабилна била наплатната станица Романовце, а најниски се приходите остварени на Кадрифаково.

Од ЈПДП велат дека електронската наплата достигнала 35 проценти. Во подготвителна фаза е најавениот проект за надополнување на МТаг и Мкард и, како што велат од ЈПДП, се очекува во блиска иднина да започне малопродажбата на МТаг уредите преку правни лица низ целата држава.