Изминатиот викенд, за време на Мултикултурен фестивал во Канбера на штандот на Македонската амбасада беа претставени дел од обележјата на македонската култура и традиција, археолошките богатство на Македонија и туристичките потенцијали со кои располага нашата земја.
Волонтерките од македонската заедница во Канбера, Билјана Петрова-Драшковиќ, Снежана Димитровска и Катерина Балоска, презентираа традиционални македонски народни носии, килими, теракотни скулптури и икони од ранохристијанскиот период, стои во фејсбук објавата на Амбасадата на Македонија во Австралија и Нов Зеланд.
Посетителите на фестивалот со особено воодушевување ги набљудувале рачните изработки, сликите од археолошките локалитети и биле позитивно изненадени од можностите што ги нуди нашата земја.