Ден радосен, историски, кој отвора нова страница од нашата црковна историја, но ден за радост и на целото православие, збогатено со уште една сестринска црква.
Токму вака, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет во Скопје го толкува значењето на денешниот ден кога на заедничка лутургија со Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по повод 24 мај, денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, српскиот патријарх Порфириј рече дека се исполнети сите услови Македонската православна црква-Охридска Архиепископија да биде предложена за автокефална црква.
Радост и празник: Во Фанар го очекуваме свеченото прогласување на автокефалноста на МПЦ-ОА
– Единство постигнато единствено врз основа на евангелска љубов и братско разбирање, преку молитвите на сите, но посебно благодарение на подвигот на двајцата поглавари на нашите цркви, на благочестивата посветеност на архиепископот Стефан и на родителската и љубовна грижа на патријархот Порфириј. Само големи луѓе ја пишуваат историјата, а обајцата се покажаа како вистински духовни великани. Инаку, посебна радост е што сето ова се случува на денешен ден. Минатите години бевме сведоци на немили принудени празнувања, кои ни ја бришеа празничната радост, ама се виде дека насила браќа не се станува-посочи деканот Ѓорѓевски.
Според него, вака братски, љубовно и сложно се слави денот на светите сесловенски просветители и рамноапостоли, Кирил и Методиј, кои сега се радуваат со сите нас.