фото: Маја Јаневска - Илиева

Министерството за здравство попладнево информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.

– Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево – стои во соопштението на Министерсвтото.

Оттаму додаваат дека Гаши е задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор, а во моментот е на конзервативен, медикаментозен третман, без поставена индикација за оперативно лекување.

Претходно, од Кабинетот на Гаши информираа дека тој вчера бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Огнен Костовски во изјава за медиуи информираше дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.

– Пациентот беше примен поради преплет на цревата. Состојбата внимателно се следи, а за сега не е планирана хируршка интервенција. Се третира со медикаментозна терапија и е под постојан лекарски надзор – истакна Костовски.