Фото: Тимчо Муцунски/Фејсбук
Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, објави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.
– Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат – напиша тој.
Муцунски истакна дека на средбата двајцата изразиле заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.
– Воедно, разменивме мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што ја потврдивме заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО – напиша Муцунски.