Фото: МНР

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во кој фокусот на разговорот бил ставен на актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес.

Како што соопшти МНРиНТ, соговорниците размениле мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик.

-Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија, стои во соопштението.

Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, министерот Муцунски, се додава, ја потврдил јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.