Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендов и почетокот на следната седмица, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд на повеќе места, грмежи и засилен ветер, информираат од Центарот за управување со кризи.
Локално, процесите се очекува да бидат во форма на невреме, со силен ветер, со изолирана појава на град, а на некои места локално да има и пообилни врнежи од дожд. Бидејќи локално процесите се очекува да бидат поинтензивни и на одредени места локално за кратко време да навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците низ земјава.
– Доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град, поради неможноста за впивање на водата како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можни се локални проблеми. Притоа, на одредени места локално е можна појава на одрони и свлечишта – соопшти ЦУК.
Препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливот на оние места каде во наредните денови, пред се во попладневните часови, се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд.