Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година.
-Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани – се вели во соопштението од МОН.
Оттаму додават и дека паралелно до училиштата се врши и достава на учебниците по сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран и ќе заврши до крајот на утрешниот ден.
– Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училишен ден – додаваат од ресорното министерство.
Вчера од Бирото за „Нова Македонија“, од Бирото за развој на образованието (БРО) информираа дека се изготвени соодветните материјали од кои треба да учат учениците во прво, второ, четврто и петто одделение од 1 септември, додека не стигнат новите учебници, согласно новите наставни програми.
Наместо од нови учебници, учениците во четири одделенија два месеци ќе учат од заменски материјали