Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија, денеска и вчера во Скопје ја одржа 18-та средба.
-Средбата помина во позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век -соопштија кусо по средбата од Министерството за надворешни работи не навлегувајќи во детали од средбата.
Од МНР информираат дека до крајот на годината, се планирани уште четири средби на Комисијата. Наредната средба ќе биде одржана во Софија на 12 и 13 мај 2022 година.
Ова беше втора од предвидените пет средби на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија за годинава.
На дневен ред беа забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.
Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.