Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Од Министерството апелираат и македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.
-Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји – велат од МНРиНТ.
Оттаму нагласуваат дека покрај претходниот повик до сите граѓани на Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваат и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби.
Министерството ги наведува контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и дежурните служби во земјите на блискиот исток каде македонските граѓани можат да се обратат.
Амбасада во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]
Амбасада во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Е-пошта: [email protected]
Амбасада во Доха
Тел: +974 50 173 111
Е-пошта: [email protected]
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]