Ресен
Општина Ресен ја реализира Програмата за одржлив туризам во Преспа во рамките на проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливото земјоделство и туризам“, финансирана од Европската Унија и спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
За подобро запознавање со Програмата за одржлив развој деновиве се одржа инфоден, на кој заинтересираните имаа можност да се запознаат со неколкуте повици на кои можат да аплицираат.
Меѓу другото, има повик за обука и менторство, исто така, има повик и за грантови за сместувачки капацитети, од 20.000 до 30.000 евра со 25 отсто сопствено учество. Пријавувањето за овој повик е до крајот на месецот, односно до 30 јули.
Последниот грант е за поддршка за граѓански организации со нови или надградени туристички производи, во вредност од 20.000 до 30.000 евра со 25 отсто кофинансирање (аплицирањето е до 14 август). Линковите од сите повици за грантови можат да се најдат на општинската веб-страница. К.М.