Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Владо Мисајловски во собраниска дебатата за разрешување на министрите од редовите на Алтернатива, рече дека многу лицемерие се слушналo деновиве, а според него ова е една од најлицемерните Влади.

– Да му се згади на човек од тоа што зборувале порано некои политичари, а што потоа правеле – посочи тој.

– И вие од Алтернатива бевте гума за спaсување. Погрешивте и заминавте. Таравари рече никогаш со криминалци не можеш да се бориш со криминал, а сега заедно ќе бидете во таа Влада. Секој треба да види што може да му се случи кога ќе влезе во коалиција со СДСМ, ќе биде излажан и избркан. Ова е лицемерие. Нема да опстои оваа Влада заради реформи. Се надевам дека ни една албанска партија повеќе нема да биде резервна гума на ДУИ – рече Мисајловски.