фото: Влада

Претседателот на Владата Христијан Мицковски денеска присуствуваше на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани, Општина Гази Баба.

– За мене денеска ова претставува посебно задоволство што сум овде во Општина Гази Баба, во ова населено место бидејќи тука започнавме практично и го поставивме камен темелникот пред неколку месеци, а сега можеме да видиме како овој прекрасен објект се пушта во употреба – рече премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека со ова е решен децениски проблем и околу 200 деца сега своите часови по физичка активност, по физичкото образование нема да мораат да ги вршат надвор, туку ќе имаат своја сопствена сала.

– Така што, навистина претставува задоволство и му честитам на градоначалникот за посветеноста, на советниците, администрацијата во Општина Гази Баба којашто ја поддржува работата на градоначалникот, пратениците во македонското Собрание и ценам дека кога вака една хомогенизирана група заедно работи нема како, а да нема резултати – истакна Мицкоски.

Тој рече деке задоволството на граѓаните е огромно, но, за Владата и локалната самоуправа, уште позначајно е задоволството на најмладите, на децата кои добија репрезентативен објект со европски услови.

– Јас би посакал уште многу вакви објекти да никнуваат ширум целата држава – нагласи Мицкоски.