фото: Влада

По повод Светски ден на детето, во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Македонија денеска во свечена сала се одржа владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите разговарале за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека денеска ги имал најважните соговорници од неговото неколкумесечно претседателствување со Владата, тоа се децата.

– Овој ден е посветен на подигнување на свеста за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на најмладите. Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба. Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959 година, Обединетите Нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки, туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади и најранливи членови на општеството. Денес сме тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба – рече тој.

Потенцира дека зборовите на хартија не се доволни туку, како што рече, потребни се дела.

– Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени. Инвестиции во образованието; Пристап до здравствена заштита; Заштита од злоупотреба и насилство. Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: Да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; Да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; Да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки. Нека овој ден не биде само потсетник, туку и пресвртна точка – рече премиерот Мицкоски.

Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер на прес-конференција дека било интересно да се сослушаат тие деца кои искажувале интересни предлози и ставови и мислења за сето она што им е важно во сегашноста, но исто така ќе влијаат и во нивната иднина.

– Денес всушност имавме можност да сослушаме 45 деца на возраст од 13 до 17 години, од ширим цела земја коишто ги споделија своите ставови, своите размислувања и своите идеи околу три теми коишто се од голема важност за денешнината, а тие се климатксите промени и вегетацијата на животната средина, потоа втората тема беа напредните технологии и нивнто влијание, технолигија на типот на вештачката интелегенција и третата промена беа демографските промени и нивнито влијание. Беше интерсно да се сослушаат тие деца коишто навистина се произнесиа со многу интересни предлози и ставови и мислења за сето она што име важно во сегашност, но исто така ќе влијаат и во нивната иднина. И нависитна беше убаво да се чуе нивното мислење и начинот на којшто на тоа мислење добија одговор од страна на премиерот , претседателот на Владата и останатите министри. Па ние веруваме дека ова ќе биде почеток на еден многу интересен дијалог – рече таа.

Милер потенцира дека ќе се потрудат да им помогнат на децата да ги остварат нивните визии и нивните ставови за иднианта.