Нема да има издавање на упати и пропишување на рецепти на 5, 6 и на 7 септември, најавија матичните лекари кои со протест на работните места планираат да искажат револт, поради повеќемесечно неисполнување на нивните барања. Ова претставува одлука на Управниот одбор на Здружението на приватни лекари.
Незадоволните лекари уште во февруари побараа зголемување на капитљациониот бод и на пациенти на ПЗУ. Тие очекуваат примарното здравство да биде прва точка на владина седница и да се изнајдат конкретни решенија, со што им оставија неколку дена на здравствените власти за повторно да ги разгледаат нивните барања.