Сега е најважно што побрзо ЕУ да направи јасен план за проширувањето на Западен Балкан, со временска рамка во која земјите од Западен Балкан или барем повеќето од нив ќе станат членки на Европската Унија. Со тоа ќе потврди дека Европската Унија функционира за Западниот Балкан и дека е единствен проект за регионот, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Според него, претставниците на Европската Унија знаат дека ЕУ мора да остане и мировен и политички проект.
-Сметам дека и претставниците на Европската Унија знаат дека Унијата мора да остане и мировен и политички проект, за да успее и за да ја одржи својата сила внатре, но и надвор од границите на Европа, како глобален играч – наведе Маричиќ на својот Фејсбук-профил.