Илустрација/Фото: МИА

СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи денеска поднела известување до Основното јавно обвинителство Прилеп поради лажно пријавување за кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.
-Вчера во 18 часот и 16 минути малолетник, од својот мобилен телефон, во присуство на неколку малолетници, телефонски пријавил дека во училиште во селото Житоше има поставено бомба. Полициски службеници извршиле проверка, при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава – велат од СВР Битола.
По преземени мерки и активности, извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото.