Македонија е шестата најсиромашна земја во Европа. По стекнувањето на својата независност во 1991 година, Македонија претрпе драматични економски промени и постепено ја подобруваше својата економија. Трговијата сочинува околу 90 отсто од бруто-домашниот производ на земјата. И покрај политиките што успешно ги спроведува владата, Македонија сè уште има висока стапка на невработеност од околу 16,6 отсто. Највисоката стапка на невработеност изнесуваше 38,7 отсто. БДП по глава на жител на Македонија беше 5.720 долари во 2020 година.
Вака е опишана Македонија на сајтот „Ворлд популејшн ривју“, којашто се наоѓа на шестото место по сиромаштија во Европа. Првото место го држи Украина, веднаш зад неа е Грузија, на трето место е Косово, на четврто е Молдавија, а на петто место се наоѓа Албанија.
Малку побогата од Македонија е Босна и Херцеговина, којашто се наоѓа на седмото место, по неа е Белорусија, па Србија, а на десетото место се наоѓа Црна Гора.