Според истражувањето на „Нумбео“
Истражувачката компанија „Нумбео“ објави податоци поврзани со порастот на насилството во Европа и светот и откри кои земји се најбезбедни, односно најопасни, пренесе „Макфакс“.
Според објавените резултати, Франција е најопасната земја во Европа. Следуваат Белорусија, Белгија, Шведска и Италија, а првите десет на листата ги комплетираат Велика Британија, Украина, Грција, Република Ирска и Молдавија.
Македонија е рангирана на 13-то место, по Албанија која е на 11. место и Босна и Херцеговина која е на 12. место, а пред Србија, која по степенот на порастот на насилството е рангирана на 17. место. Бугарија е на 19. место, Црна Гора на 21-то, Унгарија на 24., Романија на 26., а Хрватска на 36. место.
На сосема поинаков крај од спектарот, Словенија, Естонија, Монако и Швајцарија се сметаат за особено безбедни земји.
Во однос на листата на најопасните земји во светот, на прво место е Венецуела. Папуа Нова Гвинеја, Авганистан, Хаити и Јужна Африка исто така се многу небезбедни, а најбезбедна земја на планетата е Катар.
Во податоците, покрај реално мерливата стапка на криминал, се земаат предвид и субјективните согледувања. Станува збор за грижа за упади, кражби или напади, а корупцијата и поткупот исто така влијаеле на рангирањето на земјите на листата.