Во вторник, на 6 мај од 12 часот, д-р Игор Радев, класичар и синолог ќе одржи предавање на Филозофски факултет на темата за Маес Титијан, првиот Македонец во Кина.
Според Птоломеј, а тој се повикува на информациите добиени од Марин Тирски (околу 70-130), картограф и географ од Тир во Феникија, трговска експедиција од територијата на Римското Царство предводена од Маес Титијан, идентификуван како Македонец, отпатувала далеку на исток по Патот на свилата, доаѓајќи до месноста наречена Камена Кула, од каде што Маес ги испратил своите помошници во централните делови на Кина. Оваа „Камена Кула“ вообичаено се идентификува со локалитетот Ташкурган, сместен на југозападот од денешната најзападна кинеска провинција Шинџјанг, близу тромеѓата на Кина со Таџикистан и Авганистан.