фото: Европска централна банка

Францускиот државен секретар на министерот за Европа и надворешни работи Лоренс Бон за време на посетата на Албанија и Македонија  ќе донесе порака за пријателство и поддршка за европската перспектива, јави дописникот на МИА.

Лоранс Бон, надлежна за Европа во министерството за Европа и надворешни работи, ќе ги посети Албанија и Македонија од 14 до 16 ноември, потврди со официјално комунике Кеј Д’Орсеј.

– Оваа посета е резултат на постигнувањата од Франција за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, со цел отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија – се нагласува во соопштението од официјален Париз.

Државниот секретар за време на посетата ќе пренеси порака за пријателство и поддршка за европската перспектива на секоја од овие две држави, истакнувајќи ги чекорите што треба да се преземат. Таа, исто така, ќе разговара за проектите за соработка кои најверојатно ќе се развијат, вклучително и во рамките на Европската политичка заедница, за да можат Албанија и Македонија да ги искористат конкретните придобивки од напорите што ги направија.

Лоранс Бон при посетата на Скопје ќе се сретне со претседателот на државата, со премиерот, како и со неколку министри и парламентарци од од Националниот совет за европска интеграција на Македонија.

Планирани се и размени со претставници на граѓанското општество, особено со млади луѓе, како и тинк тенкови за продлабочување на дијалогот околу историските, културните и општествените прашања.