Фото: Принтскрин

Обвинителката Лиле Стефанова од Обвинителството за гонење на организиран криминал се сели во Републичкото обвинителство.

Таа денеска беше избрана за нов обвинител во ова Обвинителство, со што стана еден од десетте заменици на Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на кого мандатот му истекува на 25 декември.

Стефанова беше дел од тимот на СЈО и работеше на предметите „Империја” и „Плацеви на Водно” кои завршија со осудителни пресуди за обвинетите. Таа е обвинител и во предметите „Титаник”, „Траекторија”, „Маџар Телеком”.

На денешната седница на Советот на јавните обвинители за обвинител во Републичкото обвинителство е избран и Наум Паноски, кој претходно работеше во Обвинителството за организиран криминал.