Членовите на Здружението на лекари по семејна медицина не го подржуваат и нема да учествуваат на најавениот штрајк на матични лекари поради несогласување со дел од барањата кои биле наведени како причини за штрајкот.
– Управниот одбор на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) донесе одлука за неподржување и неучествување на најавениот штрајк на матични лекари од 5 до 7 септември поради несогласување со дел од барањата кои беа наведени како причини за штрајкот и истите беа донесени без концензус од трите здруженија на матични лекари – се вели во денешното соопштение од Здружението.
Според ЗОЛМ современо примарно здраство и комплетно нов модел на примарно здраство е потребен во земјава во кој ќе се успее да се стимулираат младите доктори да работат како матични лекари. Моменталниот модел на вегетирање и одржување во живот со продолжување на работниот век на лекарите, нагласуваат, е комплетно неодржливо решение.