Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека по направените проверки е утврдено дека лажни се пријавите за наводно поставени екслозивни направи во училишта во Скопје и во Прилеп.
– Во 18.30 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и во Прилеп по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – информира МВР.
Веднаш по добиените пријави, наведува Министерството, полицијата презела мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.