Премиерот Димитар Ковачевски денеска нагласи дека дека јасен е ставот на Владата дека нема да има рудник ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија. Тој истакна дека концесиите за рудникот во Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека СДСМ и денес е против отворање на рудници.
Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање, соопшти дека на следната седница на Влада повторно министерот за економија со сите документи од 2012 година, бидејќи, како што рече, не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информираат сите министри за понатамошната постапка.
-СДСМ од прв ден бил против тие рудници и СДСМ и денес е против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места. На следната седница на Влада повторно министерот за економија со сите документи од 2012 година, бидејќи не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информираат сите министри за понатамошната постапка. Меѓутоа, јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина и на претседателот на Владата дека рудник нема да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија, односно две концесии. Концесиите се дадени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. А рудници не се отворени благодарение на тоа што Владата на СДСМ води постапка да не се отвораат рудници – рече Ковачевски, кој заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.
Премиерот нагласи дека концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека рудниците Иловица се во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и за изборите во 2016 година и општините во тоа време раководени од градоначалници избрани од ВМРО-ДПМНЕ – општините Босилово и Ново село носат одлуки за отворање на рудникот Иловица за бакар и злато.
-Добро е да се води јавна дискусија за оваа тема, бидејќи концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски, кој сега е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тие рудници Иловица се во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и за изборите во 2016 година и општините во тоа време раководени од градоначалници избрани од ВМРО-ДПМНЕ, значи општините Босилово и Ново село носат одлуки за отворање на рудникот Иловица за бакар и злато. Во тоа време не постоеше можност во јавност, во медиумите да се отвори дискусија, бидејќи во тоа време Груевски и неговите советници ги редеа вестите па никој не можеше да праша за било каква тема која што не беше во согласност со програмата на ВМРО-ДПМНЕ и со одлуките кои што Владата ги носеше. И затоа оваа демократска придобивка која што денес ја имате вие како новинар овозможува и граѓаните да дознаат дека не се работи за никакви нови концесии, туку се работи за концесии одобрени од страна на ВМРО-ДПМНЕ на странски инвеститор – рече тој.
Потенцира дека интенција на Владата е прво било која одлука во делот на отворање на рудник да биде во согласност со очекувањата на граѓаните, односно, како што рече, ако граѓаните во општините од струмичкиот регион, во југоисточниот плански регион – Струмица, Ново село, Василево, Босилово се против отворање на рудници,тогаш рудници нема да има.
-Второ, се работи за одлуки донесени уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ заради кои одлуки државата е сега ставена во судски лавиринти. Се работи за голем број на судски одлуки од кои што дел се во корист на странскиот инвеститор кој што ги има добиено во тоа време концесиите и Министерството за економија согласно со тие одлуки кои што се носени на судовите ќе мораат да дојдат на следната седница на Влада и да ги презентираат сите одлуки. Она што е интенција на Владата е прво било која одлука во делот на отворање на рудник да биде во согласност со очекувањата на граѓаните, односно ако граѓаните во општините од струмичкиот регион, во југоисточниот плански регион – Струмица, Ново село, Василево, Босилово се против отворање на рудници, тогаш рудници нема да има. Тоа е различен став од она што го имаше ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДСМ беше против отворање на овие рудници и кога денес е против отворање на овие рудници, ВМРО-ДПМНЕ организираше протести каде кажуваа денка на тој крај му требало рудници бидејќи му требало работа. Можам да ве повикам да ги видите прес-конференциите кои што ги држеше заменик министерот за економија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој што сакаше да има рудници – рече премиерот Ковачевски.