Попладнево почна седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање за случајот „Онишченко“. На седницата присутен е и новиот директор на АНБ, Зарко Милошевски.
Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници. На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко, при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.
По завршувањето на оваа седница членовите на Комисијата ќе одржи нова седница во врска со Информирањето за преземените активности на АНБ во врска со актуелните случувања со дојавите за поставени бомби во училиштата, трговските центри и други објекти.