Илустрација / Фото: Пекселс

Автор: Д-р Јорданка Маџоска, педијатар

Што се респираторни инфекции и колку се чести

Акутните респираторни инфекции се најчестите акутни заболувања кај човекот и се најчестите акутни болести со кои педијатарот се сретнува во секојдневната пракса.

Епидемиолошките анализи покажале дека причината за посета на лекар во повеке од 60 проценти се респираторните инфекции.

Во првите 5 години во просек децата преболуваат од  6-9 акутни инфекции на дишните органи, а околу 10 отсто од децата можат да се разболат дури и 12 пати годишно (од имунолошки аспект, доколку се со лесна или средна клиничка слика се смета за нормална состојба). Во оваа група влегуваат децата кои посетуваат градинка како и помалите деца кои имаат во семејството предшколки или школки деца кои секогаш носат нови инфекции. Причината за почестото разболување можат да се поделат на надворешни фактори како што се почесто експонирање кон инфекти во детски колективи, аерозагадување, опкружување и експонирање на дим од цигари, и внатрешни фактори како што се анатомските каракетристики на дишните патишта погодни за разболување и ширење на инфекцијата на долните дишни патишта, недостатокот на специфичен имунитет.

Поделба на респираторните инфекции

Респираторните инфекции се заболувања на дишните патишта кои може да се класифицираат според две поделби:

-Според времетраењето на симптомите: на акутни со траење од 2-3 недели и хронични над 3 недели

– Според анатомската поделба : на горно респираторни инфекти и долно респираторни инфекти.

Во групата на горно респираторни инфекции влегуваат инфекциите на носот, грлото заедно со тонзиларните жлезди , параназалните синуси, увото-надворешно и внтарешно уво, гласните жици. Често напишаните дијагнози од страна на лекарите кои ги опшуваат овие состојби се ринитис, фарингитис, тонзилофарингитис, отитис, ларингитис.

Додека во долните дишни патишта заболувања на трахеата, бронхиите, бронхиолите се до алвеолите – трахеитис, бронхитис, бронхиолитис, пневмонија.

Како се манифестираат

Општи симптоми кои се јавуваат при респираторна инфекција се покачена телесна температура, малаксаност, болки во мускулите, губиток на апетитот.

Кај потешка пневмонија (Грам- пневмонија, атипична пневмонија) и особено во доенечка возраст можна е појава на гастроинтестинални симптоми (повраќање, течни столици, стомачна болка, тешко голтање, …), симптоми од страна на централниот нервен систем (главоболка, закочен врат и симптоми кои наликуваат на воспаление на мозочните обвивки, конвулзии, пореметување на свеста) и кардиоваскуларни симптоми (тахикардија, тихи срцеви тонови поради миокардитис или перикардитис).

Специфичните симптоми можат да укажат на органот кој е засегнат и на природата на болеста.

– Носна секреција и или носна затнатост – вирусен ринит, алергиски ринит

– Кивавица – вирусен ринит, алергиски ринит

– Назален говор, рчење при спиење, дишење со отворена уста – со општи симптоми вирусе ринит, вирусен тонзилофарингит, сомнение за хипертрофирани – зголемени аденоидни вегетации

– Болка во пределот на лицето, непријатна миризба од устата – воспаление на синусите, гнојна ангина

– Засипнатост, со карактеристична засипната кашлица како лаеж од куче, гласно чујно дишење – ларингитис-круп синдром

– Тешко дишење, брзо дишење, глад за воздух, свирење при издишување – кај бронхитис  т.н опструктивен бронхитис, астма, бронхиолитис кај доенчињата , чест наод и кај вдишано туѓо тело во долните  дишните патишта

– Градна болка при дишење проследена со интензивна кашлица – се гледа како специфичен симптом кај заболувања на белодробната обвивка наречена плевра.

– Кашлица со крвав искашлок – може да сугерира на туберкулоза, малигни заболувања, повреда на градниот кош, габични или паразитарни инфекции на белодробниот паренхим.

Како  најтипичен  симптом за ресираторна инфекција е кашлицата.

Во случај на суво поткашлување станува збор за фарингеална кашлица (од грлото) која се јавува кај хронична хипертрофија на аденоидни вегетации или синузитис.

Ларингеалната кашлица има призвук на лавеж на куче и е асоцирана со зарипнатост.

Сува кашлица со wheezing е карактеристика на астма, бронхитис, бронхиолитис, некогаш туберкулоза или цистична фиброза во егзацербација.

Пароксизмална грчевита сува кашлица говори во прилог на пертусис, цистична фиброза, атипична пневмонија.  Сува ноќна кашлица е сомнителна за постоење на астма или вирусна респираторна инфекција.

Синузитис и бронхиектазии можат да се манифестираат со продуктивна утринска кашлицапоради насобраниот секрет во текот на ноќта во фаринкс т.е. дилатираните и деформирани бронхи кај бронхиектазии.

Воздржана кашлица со супримирање на рефлексот за кашлица се јавува при постоење на тешка диспнеја или плеврална болка.

Кога треба да се побара поддшка од доктор

Сите деца кога се болни се со губиток на апетит, одбиваат течности а дополнително со покачената телесна температура лесно можат да дехидрираат. Кашлицата како симптом исто така може да го наруши квалитетот на сонот што дополнително ја влошува општата состојба на детето. Секако дека многу е важна соработката на детето во процесот на лекувањето. Доколку ваквите симптоми траат подолго од 3 дена дека треба детето да се прегледа од страна на педијатар. Има случаи кога има нагло влошување на состојбата или надразнителни иритирачки кашлици кои буквално го истоштуваат детето така што без разлика на времето од појавата на болеста треба да се побара помош од стручно лице и непосредно по појавтаа на симптомите.

Фото: Приватна архива

Што треба да се преземе

Преглед на педијатар каде е потребно да се земе правилна анамнеза заедно со епидемиолошка анкета, пулмолошки преглед со цел точно детектирање на местото на инфекцијата и причинителот.

Достапни се широка палета на иследувања кои можат да се направат во зависност од возраста:

-Крвна слика со маркери за инфлмација, испитување на урината за состојбата на дехидрираноста на детето

-Гасни анализи со кои ја гледаме гасната размена

-Микробиолошки анализи (брисеви од нос, грло, искашлок, примерок на секрет од трахеатата….некогаш иако ретко во педијатрија се користат инвазивни методи но се зема и бронхоалвеоларен лават кој покрај микробиолошки може да се иследува и цитолошки)

– Серолошки анализи за детекција на антитела

-ПЦР техники со директна детекција на ДНК од најчесто вирусните причинители

– Алерголошки тестови (серолошки и кутани)

– Спирометрија

-Рентгенолошки анализи, најчесто на бели дробови

– Ехографски прегледи

-Комјутерска томографија

-Бронхоскопија

Причини за респираторни инфекции

– Вирусни инфекции-се најчести причинители на респираторни инфекти. Има дури над 400 вируси кои изразуваат силен тропизам кон респираторниот епител. Најчести се Риновируси застапени во 25-30%, Респиратпорен синцицијален вирус, Параинфлуенца, Инфлуенца, Хуман метапнеумовирус,  Аденовирус 25-35%, Ебштејн бар вирус, Цито мегаловирус,корона вирусот застапен 10% како и голем број на недетектирани вируси поточно  не дефинирани во фамилиите на вируси. Најчесто вирусните инфекции се со лесна клиничка слика и завршуваат со брзо оздравување. Значајни се компликациите кои можат да настанат, како бактериски спер инфекции најчесто на средно уво или на синуснте празнини, потоа аспирационите на инфективен секрет кои резултираат во долно респираторни инфекции.

– Бактериски инфекции: Стептокони инфекции и тоа С.пнеумоние почест во предучилишна возраст, С.пиогенес редок под 5 годишна возраст, Хемофилус инфлуенце тип б, Мораксела катаралис, Стаилококус  ауреус. Останати причинители кои релативно често се срекаваат особено кај пациентите со атопична конституција се атипични причинители како Легионела пнеумофила и Мораксела катралис.

– Алергии: нутриривни  алергени-алергија на кравјо млеко, јајце, кикирки, чоколадо, соја, сусам…кои се манифестираат од доенечкиот период со манифестации на кожата како егземи во прилог на атописки дерматит, уртикарии, гастроинтестинални симтоми, повраќање, чести столици, крвави столици, анемија, ненапредување, вознемиреност, респираторни симптоми како чести респираторни инфекти чести ларингити, бронхити…

Инхалативни алергенисезонски (лешник, јасика, од  декември до мај, бреза од февруари до јуни, треви од април до октомври, рж-април, мај и јуни, пелин мај до септември а од мувлите алтернариа и кладоспориум од април до октомври  и целогодишни алергени домашна прашина-микрокрлежи (дерматофагоидес фаринее и птеронисимус и мувли (аспергилус и пеницилиум ) со манифестации со различен спектар од најчест со теченње на нос, кивање , чешање на очи се до хроничен бронхит и асматско заболување.

Како се пренесува 

Вирусните инфекции главно се предизвикуваат со близок контакт при зборување кашлање, кивање, бакнување.

Бактериските инфекции нечисти раце, контакт со друг болен, користење на ист прибор.

Како се третира 

Во зависност од клиничката слика има различен пристап и кон третманот.

Главно лесните состојби (кои се каракетризираат со симптоми на настинка, носна секреција, ретка кашлица, лесно покачена температура до 38Ц која не го пореметува секојдневието на детето во поглед на исхрана и игра) треба да се третира во домашни услови, со промивки на носната слузница со физиолошки раствор, често се дава препорака за употреба на деконгестиви со претпазливост за возрата, за покачена температура советот е дека до 38,5Ц се лади детето а над 38,5Ц се даваат средства за намалување на телесната температура најчесто сирупче парацетамол.Добро рехидрирање на децата.

Велиме дека болно дете е најтешко да се нахрани, така што основната нега и исхрана би биле сосема доволни за да се превземат за успешен третман на болеста.

Доколку  станува збор за потешка состојба или не соработливост на детето за пиење на тености или влошување на општата состојба со интенивна омалксаност и кашлица, фебрилност која не се смирува  итн тогаш е потребен понатамошниот третман да го даде стручно лице поточно педијатар.

Како да ги заштитиме

Најбитниот фактор е хигиената. Одржувањето на колективната и личната хигиена, пред се миење на раце, се на прво место во намалувањето на преносот на инфекциите. Повлекување на болните деца од колктивите и училиштата придонесува во намалено ширење на истите.

Растење во чиста средина без аерозагадување и дим од цигари.

Здрава исхрана богата со витамини и минерали. Избегнување на непотребно давање на антибиотици.Редовно спроведување на вакцинациите.

Употреба на лалтоферин како суплемент или адаптирана млечна формула која е богата со лалтоферин. Иако лактоферинот е изолиран од кравјо млеко повеќе од 50 години а од хумното млеко повеќе од 30 години во последниве години се повеќе се прават студии за неговиот бенефит. Така неговото позитивно дејство е антивирусни, антибактериско, имунолошко модулаторно, антиинфламаторно. Докажано е кај прематурните бебиња, предшлочските деца со чести инфективни, кај ковид пациенти, дури и во борбата од вагинална кандидијаза.

Што треба да се јаде за подобар иммунитет 

Доење екслузивно до 6-от месец или соодветна замена со адаптирана млечна формула.

Во последно време се повеќе се пишува и за протеинот лактоферин и за неговото дејство. Иако протеинот е познат повеќе од 70 години и е изолиран од хуманото млеко и од кравјото млеко дури сега сенпотенцира неговиот позитивен ефект.

Високата флексибилност на структурата на лактоферинот е поврзана со различни функции во човечкиот организам како што е одбрана на организмот, инхибиција на туморски раст, антимикробна заштита, антивирусна, антибактериска активација и антипаразитарна активност. Антиоксидативно својство особено на гениталниот, гастро- интестиналниот систем како и офталмолошката мукоза. Делува инхибирачки на алергените и локалните кожни инфламаторни а потоа Вовед на не млечна исхрана пд 4-6 месец според препорака на педијатар. Рано внесување на алергена исхранa од 6-от месец со што би превенирале алергии. Внес на разновидна исхрана. Секојдневно внес на месо, јајца,млеко и млечни продукти, кои не би требале да бидат во големи количина туку прилагодени за возраста, разновидни зеленчуци и овошје. Воспоставување на ритам на исхрана кој секојдневно во исто време ке се повторува. Доволно вода, ограничени сокови. Доволен сон, играње и гушкање со родителите.

Секако дека кај децата со пореметен имунитет се даваат и специфични поттикнувачи на имунитетот но тоа е нова тема за разговор и бара пред се темелна анализа на дефектите во имунолошкиот систем.