Фотографијата Касна есен низ шумата на авторката Менка Трајкоска-Екхард е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
– Фотографијата е дел од големата Шума Суањ (la Forêt de Soignes) – која го покрива југо-источниот дел од Брисел, Белгија. Прочуена стара Шума со многубројни врсти од високи дрвја. Нарочито ми се омилени боровите со нивниот мирис, – вели авторката во описот на фотографијата и додава:
– По потекло од село Дуње, Мариово, шумата ме потсетуваат на високите борови од планината Трибор, каде што имам патувано како дете од селото Витолиште до селото Рожден – додава Трајкоска-Екхард која живее во Белгија веќе 65 години.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.

































