Фото: Приватна архива

Во органзација на Францускиот институт за комуникации, Универзитетот Пантеон Асас Сорбона II и Катедрата на УНЕСКО за Светски студии, при Универзитетот Алберта од Португалија, македонскиот писател со интернационално реноме и претседател на ИУ Еуропа Прима од Скопје, е избран за член на меѓународната редакција на овој значаен универзитетски проект во кој се вклучени академски авторитети од повеќе европски и светски универзитети.

Плевнеш е избран како автро на енциклопедиската единица: „Алтернативите во духовната, политичката и историската слика на модерниот светот“.
Како што е познато, во уметничкото творештво на Плевнеш, историските алтернативи се присутни во неговиот македонски циклус на драми, како што се: „Еригон“, „Македонски состојби“, „Подземна репубилка“, „Р“ и „Вечанта куќа„, а воедно и во европскиот циклус со драмата „Среќата е нова идеја во Европа“, играна на поголем број светски сцени, за која „Њујорк тајмс“ напиша дека, авторот ги следи патиштата на рефлексијата на античката трагедија до театарот на апсурдот.

Во „Романот за тајната книга“ (според кој е снимен истоимениот долгометражниот француско-македонски филм во режија на Владо Цветановски), Плевнеш пишува за првата интелктуална револуција во Европа.

Низ призмата на Via Sacra Alternativa, за која лондонски „Гардијан“ напиша дека е суштина на Европската цивилизација наспроти политичкиот терор, се одвивало движењето на европскиот духовен отпор, којшто бил брутално ликвидиран од постоечките државни формации, а тој процес е многу подлабок од „Кодот на Давинчи“.
Во својот одговор до Главниот одбор на Интернационален речник на глобални студии (Dictionnaire d’Études Globales), Плевнеш напиша дека тоа е признание и за македонската култура и за македонското високо образование во европски и светски рамки.