Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска го одржа 5-то Изборно собрание, на кое за нов претседател на Комората беше избран Менди Ќура.
Како што соопштија од Комората, меѓу останатите, избрани беа и пратеници, претседател и заменик претседател на Собранието, 18 членови на Управниот одбор и пет члена на Надзорниот одбор.
Новоизбраниот претседател Ќура во своето обраќање кон пратениците и претставниците на другите органи на комората, изјави дека своето раководство ќе го темели на принципите и вредности на СКСЗМ, и во согласност со мисијата и визијата на комората за заштита и унапредување на нејзините членки.
Стопанската комора на северозападна Македонија продолжува да ги организира и штити бизнисите во земјата под закрилата на својата мисија, и со ова изборно собрание покажува капацитет и континуитет во нејзиното работење веќе 18 години, се наведува во зеоопштението.